Вардар загуби на домашен терен со 22-30 од унгарскиот Веспрем во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.
Реваншот следната среда во Веспрем би требало да биде само рутински за Унгарците. Навивачите на Вардар во „Јане Сандански“ повторно направија неверојатна атмосфера за која по којзнае кој пат ќе добијат висока „10“.
Од друга страна ракометарите освен првите петнаесет минути во кои одиграа добро, за останатиот дел од натпреварот ќе мора да добијат само потпросечна оцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА