„Десетката“ на Барселона ќе има нов „сопственик“ од идната сезона

Со заминувањето на Лионел Меси во 2021 година од Барселона, легендарниот дрес со број 10 на „Каталонците“ е слободен. Во каталонскиот тим се одлучија да му ја дадат на младиот Ансу Фати, но се покажа дека тој не е достоен за овој број.

Повредите го сторија своето, па Барселона го испрати на позајмица во Брајтон, а по враќањето ќе биде разочаран со оглед дека тимот одлучи да ја додели „десетката“ на друг играч.

Како што наведува радио Каталонија, новата десетка би требало да биде во сопственост на Ламин Јамал. Овој 16-годишник веќе го споредуваат со Лео Меси, а момчето игра чудесен фудбал и веќе сега е меѓу главните играчи на славниот тим.

Се вчитува...