Индијана се пласираше во финалето на Источната конференција во НБА лигата со триумф од 109-130 во седмиот натпревар од серијата против Њујорк.
Десеткуваниот домашен тим кој настапи без Богдановиќ, Браун, Рендл, Робинсон и Вашингтон, а во текот на средбата остана и без Брансон кој заработи повреда немаше сили за расположените гости кои поентираа со неверојатни 67 проценти во обидите од игра.
Прво име на натпреварот беше Дивинчензо кој постигна девет обиди за три поени па средбата ја заврши со 39 поени и 4 скокови, додека прво име кај Индијана беше Халибуртон со 26 поени, 4 скокови и 6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА