Нова, по малку неочекувана вест доаѓа од таборот на француската репрезентација. Капитенот Килијан Мбапе го нема на списокот што го објави Дидие Дешам пред ноемвриските натпревари Лигата на нации.
Фудбалската јавност беше шокирана по ова сознание, иако Мбапе во последно време не игра најдобро во дресот на Реал Мадрид. Мбапе веќе го пропушти собирот на Франција во претходниот месец. Причина беше наводната повреда, односно опоравувањето од повредата што Французинот ја „заработи“ во Реал, но две недели пред тоа се врати на теренот и одигра три натпревари по ред.
Дидие Дешамп не ја наведе точната причина за отсуството на Мбапе на прес-конференцијата:
„Имав разговор со него и донесов одлука. Подобро е така. Килијан сакаше да дојде, но тоа е моја одлука. Не станува збор за неспортски проблеми“, рече Дешам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА