Францускиот селектор Дидие Дешамп ја поздрави одлуката за намалување на суспензијата поради допинг од четири години на 18 месеци за Пол Погба. Во август минатата година францускиот играч од средниот ред падна на допинг тест откако во крвта му беа пронајдени траги од супстанца која го зголемува количеството на тестостерон во крвта.
Погба тогаш беше привремено суспендиран, а на крајот на февруари оваа година беше осуден на четири години. Сепак, Погба ја обжали пресудата, а Судот за спортска арбитража (CAS) ја намали казната на само една и пол година и тој повторно ќе може да игра во март следната година, за помалку од шест месеци.
„Светлото повторно се вклучува. Ќе има фази да помине, но тоа е одлична вест, тој ќе може повторно да игра од март. Со Пол разговарав долго време на телефон, како и во текот на целиот овој период, кој беше многу комплициран за него. Погба знае дека во март 2025 година повторно ќе стане играч, а бидејќи толку многу го сака фудбалот и играњето, тоа е одлична вест за него“, изјави Дешам.
Погба досега има 91 настап во дресот на Франција, постигнувајќи 11 голови, а беше дел и од репрезентацијата која ја освои светската титула во Русија во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА