Дешамп: Франција и Германија се меѓу најсилните во светот

Актуелниот светски шампион, селекцијата на Франција, нападот кон европската круна започнува да го напаѓа во вторник со дуел против Германија во Минхен. Големото дерби од групата Ф е на програмата од 21 часот, а францускиот селектор Дидие Дешамп очекува спектакл.

Дидие имаше само комплименти кон играчите на Германија, па даде кратка анализа за претстојниот дуел.

„Првиот натпревар на шампионатот ќе биде одличен тест за нас, но и за Германците, затоа што сме меѓу најсилните во светот. Целта е да се биде агилен од двете страни на теренот бидејќи деталите ќе го решат натпреварот. Милер, Гнабри и Хаверц имаат одличен индивидуален квалитет и се без фиксни позиции. Тешко е да се игра против нив. Хаверц се движи низ целиот терен, Гнабри може многу да трча, а имаат играчи како Вернер и Сане“, изјави Дешамп.

Добрата вест за француските навивачи е дека селекторот на Франција може да смета на сите 26 играчи, вклучувајќи го и Карим Бензема, кој беше заменет поради повреда на последниот подготвителен дуел со Бугарија.

Покрај Франција и Германија, во „групата на смртта“ се наѓаат и селекциите на Португалија и Унгарија, кои ќе се сретнат во вторник во 18 часот во Будимпешта.

Се вчитува...