Франција целосно потфрли на отворањето на новото издание на Лигата на Нации со убедлив пораз на домашен терен од Италија, а веќе вечерва „триколорите“ ги очекува нов предизвик, дуел со репрезентацијата на Белгија.
Кормиларот Дидие Дешамп имаше многу причини за разочараност по последниот пораз, а информациите од Франција говорат дека тој е подготвен за огромни промени во стартниот тим за вечерашниот дуел. Цената за неуспехот ќе ја платат Килијан Мбапе и Антоан Гризман, двете најголеми ѕвезди во тимот кои според најавите на влијателниот весник „Л’Екип“ вечерва ќе стартуваат од клупата за резерви. Местото на Мбапе ќе му припадне на Маркус Турам, Дембеле и Коло Муани ќе бидат по крилните позиции, додека Олис овојпат ќе ја има улогата на плејмејкер зад напаѓачкото трио, откако беше десно крило со Италија.
Слабиот настап против Италија ќе значи и преселба на Нголо Канте на клупата, а наместо него ќе стартува Коне, кој летово се пресели од Борусија Менхенгладбах во Рома.
За вакви коренити промени какви што најавува „Л’Екип“ ќе биде неопходна огромна храброст од селекторот, па останува да се види дали најавите ќе се реализираат и Дешамп со ваков потег ќе стави до знаење дека веќе нема „недопирливи“ во францускиот национален тим.
🚨 𝗟𝗘 𝗫𝗜 𝗣𝗥𝗢𝗕𝗔𝗕𝗟𝗘 𝗗𝗘𝗦 𝗕𝗟𝗘𝗨𝗦 🇫🇷 𝗗𝗘𝗠𝗔𝗜𝗡 𝗙𝗔𝗖𝗘 𝗔̀ 𝗟𝗔 𝗕𝗘𝗟𝗚𝗜𝗤𝗨𝗘 🇧🇪 !
Kylian Mbappé remplaçant.
🗞️ @lequipe pic.twitter.com/c4bJgzXV18
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА