Килијан Мбапе ги разгоре страстите во француската јавност откако настапи за Реал Мадрид, а потоа побара одмор за да не настапува за француската репрезентација во овој репрезентативен прозорец.
Бесот на фановите се зголеми откако на денот на мечот на „триколорите“ со Израел се појавија фотографии од Мбапе во дискотека во Стокхолм, по што голгетерот беше цел на жестоки критики од навивачите, кои го критикуваат за ставање на приватниот живот пред националниот тим.
Селекторот Дидие Дешамп денеска јавно застана во одбрана на Мбапе, со кого контактирал непосредно пред мечот со Израел.
„Она што можам да го кажам е дека Мбапе ми испрати порака пред мечот со Израел, да ни посака среќа. Тој не беше повикан за овој собир, така што како и сите останати фудбалери треба да ја следи програмата од својот клуб ако не е во репрезентацијата. Клубот решава дали играчот има или нема слободни денови за време на паузата, а ако Мбапе имал слободен ден, може да оди каде сака без никаков проблем“, истакна Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА