Дешамп има шанса да направи нешто што не се случило во историјаta

Актуелниот светски првак Франција е прв фаворит за еврокруната на ова 16-то Европско првенство, oткако „триколорите“ допатуваа со извонреден состав од кој може да се комплетирааат два одличнни тима. Светските прваци се покриени сна секоја позиција со по двајца фантастични фудбалери, па оттаму и улогата на главен фаворит, што сепак ќе мора да биде потврдена на теренот.

Доколку актуелниот светски првак успее да стигне до европската круна, а вторпат би успеале да спојат мундијалска титула со континентален пехар после периодот 1998-2000, актуелниот селектор и бивш репрезентативец Дидие Дешамп ќе влезе во историјата на светскиот фудбал.

Дешамп беше дел од златната генерација во периодот 1998-2000, кога Франција прво стигна до светската титула на домашен терен, а две години потоа и до европската круна во Белгија и Холандија. Сега, како селектор Дидие има светска титула и како тренер и како играч, а ако ја освои и оваа еврокруна, тогаш ќе биде прв во историјата на светскиот фудбал кој бил првак и светски, но и европски, и тоа како играч, и како тренер!

Се вчитува...