Дешамп ја воодушеви Франција: Менди би можел да се врати во репрезентацијата

Францускиот дефанзивец Бенџамин Менди, мина речиси три години низ пекол, поради обвинувања за силување. Неодамна е ослободен од сите обвинувања, и доби шанса да се врати во фудбалот. Тој замина од Манчестер Сити, и потпиша за Лориен, каде што ќе се обиде да ја оживее кариерата.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп денеска го објави списокот за Франција за престојните натпревари, а новинарите го прашаа што мисли околу Менди, а тој со одговорот ја воодушеви целата јавност.

„Менди? Што е со него? Од моментот кога судот и правдата рекоа дека тој нема вина, зошто повторно да не биде дел од француската репрезентација? Неговото враќање сега не е тема затоа што долго време беше без натпревари, а не е невозможно доколку почне да игра во старата добра форма одново да биде дел од националниот тим“, рече Дешамп.

Се вчитува...