Светскиот првак Франција доживеа фијаско на гостувањето во Коња против Турција. Не само што загуби со 2-0, туку не успеа да упати ниту еден директен удар кон голот на противникот. Селекторот Дидие Дешамп по поразот изрази загриженост за прикажаната игра на „триколорите“.
„Нема што добро да запомниме од овој натпревар. Бевме екстремно лоши. Не изгледавме воопшто како светски шампиони. Мора секој меч да го играме на највисоко ниво, а ние не бевме ниту блиску до такво издание. Можам само да кажам „браво“ за Турција“, изјави селекторот на Франција по синоќешниот пораз.
Во вторник Французите ќе гостуваат кај аутсајдерот во групата, селекцијата на Андора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА