Дешамп: Не очекувајте Мбапе да трча 11 километри на меч

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде интересна изјава во врска со првата ѕвезда на француската репрезентација Килијан Мбапе, отфрлајќи ги пишувањата дека тој е себичен и дека е индивидуалист.

Дешамп рече дека Мбапе не трча многу на натпреварите, но дека тоа го надоместува со некои други квалитети и способности.

„Мбапе е прикажан како многу себичен играч и индивидуалист. Тој е напаѓач, и би било нелогично да нема некоја доза на себичност. Сепак, откако стана капитен, неговиот збор има многу тежина кај целата селекција. Ако сакате да го критикувате и да кажете дека не трча многу, тогаш не очекувајте од него да истрча 11 километри на натпревар. Од друга страна има многу други квалитети кои се важни и одлучувачки“, рече францускиот селектор.

Се вчитува...