Франција испушти голема шанса како првопласирана да ја заврши групата Д, и да отиде во другиот костур, каде што на хартија има полесни противници, барем засега. Меѓутоа Французите не успеаја да ја добијат Полска, па така мораа да се задоволат само со втората позиција.
Селекторот Дидие Дешамп не е разочаран тоа што неговата селекција наместо на првата, заврши на второто место.
„Не сум разочаран. Сакавме да завршиме први во групата, но за тоа моравме да победиме. Мора да го прифатиме тоа. Го направивме тоа што требаше да го направиме. Имавме шанси и можеме да бидеме горди на постигнатото Првата цел беше постигната. За нас сега ќе почне ново натпреварување“, рече Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА