Дешамп нема да го повика Зума во репрезентацијата поради скандалот со мачките

Дефанзивецот на Вест Хем Курт Зума, нема да биде повикан во репрезентацијата на Франција од селекторот Дидие Дешамп за мартовските натпревари. Причината е скандалозното видео на кое се гледа како Зума шутира мачки.

Селекторот Дешамп наводно бил лут и разочаран од однесувањето на Зума, поради што нема да го повика стоперот за пријателските натпревари против Јужна Африка и Брегот на Слоновата коска.

Зума има одиграно 11 меча во репрезентацијата на Франција, а последен пат беше повикан во ноември 2021 година. Останува да се види дали и Вест Хем ќе превземе чекори и нема да смета на Зума за следните натпревари поради овој скандал кој ја згрози јавноста.

На Зума поради овој скандал му се заканува дури и казна затвор.

Се вчитува...