Дидие Дешамп донесе одлука за својата иднина, трофејниот стручњак ќе остане на чело на француската репрезентација и по завршувањето на СП 2022, без разлика дали „триколорите“ на преостанатите две средби ќе ја одбранат светската круна од пред чеетири години или тоа нема да се случи.
Првиот човек на федерацијата, Ноел ле Грает, пред неколку дена јавно му искажа поддршка на Дешамп, потенцирајќи дека екс-тренерот на Јувентус е најдобра опција за селектор на Франција, барајќи од него да остане на чело на националниот тим. Самиот Дешамп долго тактизираше на оваа тема, но според весникот „Паризиен“, Дешамп по четвртфиналниот триумф над Англија пресекол – останува селектор најмалку до ЕП 2024 и за ваквата одлука веќе го известил и Ле Грает.
Ваквиот развој на настаните е ладен туш за Зинедин Зидан, кој летово одби неколку интересни понуди надевајќи се дека по СП во Катар ќе седне на клупата на „триколорите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА