Дешамп: Оставете го Мбапе, тој си има проблеми…. и физички и психолошки

Франција одиграно разочарувачко реми против селекцијата на Израел, а кога за 90 минути нема да биде постигнат гол, логично е да се постави прашањето зошто во составот го немате најдобриот напаѓач Килијан Мбапе.

Селекторот Дидие Дешамп реши воопшто да не го повика Мбапе за ноемврискиот циклус, дополнително фрустрирајќи го голгетерот кој слабо ја почна авантурата во Реал Мадрид.

„Не треба да ме потсетувате дека го немам Мбапе во тимот, добро го знам тоа и без да ме прашате… Вистината е дека Килијан сакаше да дојде, да биде тука, но не е меѓу нас и најдобро е да го оставите на мир во моментов. Мој став е дека најдобро за него е да не биде во репрезентацијата во моментов. Секому може да му се случи да минува низ тежок период. Тука е физичкиот момент, но исто така и психолошкиот момент… Тоа е се што ќе кажам на  оваа тема“, изјави Дешамп.

Се вчитува...