Франција го надмина заостатокот од два гола против Хрватска и успеа да се избори за место во самата завршница од плеј-офот во Лигата на Нации. По поразот на „Пољуд“ со 0-2, Французите на домашен терен славеа со 2-0, а потоа и со 5-4 по изведувањето на пенали.
Задоволството не го криеше селекторот Дидие Дешамп кој изјави дека победникот требал да биде решен и пред пенал рулетот.
„Ја свртевме приказната по натпреварот во Сплит и одигравме многу добар натпревар против еден многу добар тим. Логиката говори како можеби не требаше да играме пенали, но овој пат тие за нас беа среќни. Тоа беше многу важно за овие 80 илјаи луѓе кои дојдоа да не бодрат. Одигравме многу добар натпревар со млади играчи кои се уште немаат многу искуство во настапите за репрезентацијта. Ова беше важен натпревар за нивниот развој“, изјави Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА