Франција беше поразена од Шпанија со 2:1 и со тоа во полуфиналето го заврши натпреварувањето на овогодинешното ЕВРО.
Легендарниот селектор на Франција, Дидие Дешамп имаше само пофални зборови за моќниот противник.
“Шпанците имаат фантастичен тим кој напредуваше во текот на турнирот. Го постигнавме првиот гол, но тие ни зададоа многу тешкотии. Тие мајсторски ја држеа топката во посед и беа многу подобри од нас во тој дел од играта. Се боревме до крај. Имавме шанси да постигнеме израмнувачки гол. Шпанија одигра подобар натпревар од нас. Не го одигравме натпреварот како што замислувавме, притискавме до самиот крај, но не успеавме да постигнеме гол.“, рече Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА