Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп, не го повика најдобрио играч Килијан Мбапе за следните два натпервари во Лигата на Нации.
Пред Франција се натпреварите од групата 2 во А лигата против Израел во Будимпешта на 10 октомври и натпреварот на домашен терен против Белгија на 14 октомври. Франција во моментов има три бода по два одиграни натпревари, исто како и Белгија, додека Италија е на врвот во групата со максимални шест бода.
„Не сакам да ризикувам со Мбапе. Можеше да игра, но во овој момент тоа не е пресудно и подобро е да ги прескокне овие два меча“, изјави селекторот Дешам, кој во оваа прилика не ги повика во репрезентацијата ниту Н’Голо Канте и Адриен Рабио.
Мбапе го пропушти мечот со Атлетико во шпанскиот шампионат, а на вчерашниот меч против Лил играше во вториот дел, откако влезе во 57. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА