Фудбалската репрезентација на Франција ја совлада Италија со 3-1 на пријателскиот натпревар што се одигра синоќа во Ница, а покрај аплаузите што ги собра Осман Дембеле за својата одлична игра, фановите упатија свирежи за Пол Погба. Тој очигледно не се снаоѓа најдобро ниту во составот на Дидие Дешамп, откако одигра лоша сезона и во дресот на Манчестер јунајтед во Премиер – лигата.
Но, Дешамп, сепак, му дава поддршка на играчот за врска.
„Пол е одличен фудбалер, тука нема никакви сомнежи. Но, понекогаш треба многу повеќе да се подреди на колективот, затоа што фудбалот е тимска игра. Тој е способен да го реши натпреварот со еден потег, но доколку влезе во серија грешки, тогаш делува загубено на теренот. Сепак, ја има мојата максимална поддршка, а би апелирал и фановите да бидат потрпеливи, затоа што ова се последните денови за подготовки пред стартот на Светското првенство и не ни се потребни тензии“, изјави Дидие Дешамп по триумфот над Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА