Дешамп за оставањето на Мбапе на клупата: Морам да се крижам за играчите, тие имаат напорни мечеви

Дидие Дешамп, селекторот на француската репрезентација се реши да го остави Килијан Мбапе на клупата на квалификацискиот натпревар против Грција на гостински терен, кој заврши 2-2. Играчот на ПСЖ потоа во 64. минута беше внесен во игра на местото на Коло Муани.

Дешамп објасни зошто се решил на ваков чекор, иако Франција веќе претходно беше пласирана на Европското првенство и се знаеше дека ќе заврши на првото место.

„Разговарав за ова со Килијан пред натпреварот. Од моја страна направив се за да се грижам за играчите кои ќе имаат натпревари овој викенд. Лигата на шампионите продолжува следната недела. Не сакаме да ги изложуваме играчите на ризик од повреди, изјави Дешамп.

Се вчитува...