Дешамп знае што ќе биде клучно за триумф во финалето

Франција и Хрватска денеска на „Лужњики“ во Москва, со почеток во 17 часот, ќе го играат големото финале на Светското првенство во Русија. Велат, финале не се игра, туку се победува, а Дидие Дешамп, селекторот на „триколорите“ знае како се прави тоа, бидејќи пред 20 години го освои трофејот како фудбалер. Сега е на кормилото на Французите и ќе ги советува Мбапе, Гризман и останатите како да го освојат трофејот на СП во Русија.

„Смиреност, самодоверба и концентрација. Тоа се трите клучни фактори за успех во финалето. Огромна привилегија е да се игра финале. Нема ништо поубаво од тоа да се биде дел од едно мундијалско финале. Тоа фудбалерите многу добро го знаат и верувам дека ќе го дадат максимумот. Нема еуфорија, не ни е ни потребна. Задоволни сме што стигнавме до заврпницата, но знаеме и дека ова е најцажниот меќ. Историјата ги памети само победниците“, изјави Дидие Дешамп.

Францускиот национален тим важи за умерен фаворит во пресрет на финалната пресметка против Хрватска.

Се вчитува...