Стручниот штаб на Манчестер јунајтед за наредната сезона ќе биде ослабен по одлуката на Руи Фариа да си замине од функцијата прв асистент на Жозе Мурињо. Португалските стручњаци соработуваа заедно во изминатите 17 години, но Фариа реши да си замине во обид да најде самостоен тренерски предизвик.
„По долго размислување решив да си заминам и да тргнам напред. Се запознавме со Жозе заедно во факултетските денови, ние многу повеќе сме пријатели отколку соработници, но чувствувам дека сега е време да тргнам по својот пат“ – изјави Руи Фариа.
Се шпекулира дека Фариа ќе се врати во татковината, каде веќе добил неколку интересни понуди. Неговото место во стручниот штаб ќе му припадне на Мајкл Карик, кој денеска ќе ја заврши својата професионална кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА