Десниќ не е повеќе фудбалер на Вардар

Крилниот играч Дарио Десниќ не е повеќе дел од Вардар. Фудбалерот кој пристигна во „црвено-црните“ минатата сезона од Скопје, беше еден од клучните фудбалери за враќањето на „црвено-црните“ во прволигашката конкуренција.

Десниќ во минатото беше дел и од Борец, Кадино, Тетекс, Силекс. Оваа сезона играше на четири натпревари, но ниту еден од нив цел.

Пред неколку дена Вардар се засили со Филип Дурански. Во тимот оваа сезона пристапија и Владица Брдаровски, Педрињо, Алаведра, Лука Трајкоски и Матеус Лемос.

Се вчитува...