Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Бугарија во натпревар од последното 6. коло од новата сезона во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Капитенот на Бугарите, Кирил Десподов вели дека единствена цел за нив утре е да излезат на терен и да победат.
„Што треба да направиме за да победиме? Да одиграме подобро од Македонија, да се бориме и нормално, да владееме со ситуацијата на теренот. Нема што да зборувам повеќе. Утре излегуваме на терен за да победиме. Она што имаме да го кажеме, да го кажеме на терен, тоа е наша работа“, изјави Десподов.
Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА