Десподов: Разочаран сум… Сакавме победа, но Македонија беше подобра

ЕКИПА во Разград,

Владимир Булатовиќ

Најдобриот фудбалер во бугарската репрезентација Кирил Десподов вели дека е разочаран што неговата селекција не успеа да дојде до победа на стартот од Лигата на нации против Македонија во Разград.

Бугарија, во натпревар со само два шута кон голот на Димитриевски, дојде до реми (1-1)…

„Да бидам искрен ние од овој натпревар сакавме само победа. И затоа може да кажам дека сум разочаран. Пристапивме на дуелот со желба за триумф, но Македонија беше подобра. Противникот покажа дека има квалитетни фудбалери, а ние во одредени моменти не одговоривме најдобро. Сега ќе треба добро да одиграме и задолжително да дојдеме до победа со Грузија затоа што загубивме два планирани бода од домашен терен“ – истакна по мечот Десподов.

Се вчитува...