Филип Деспотовски и Аркада Галаци не знаат за пораз во романската прва одбојкарска лига, Дивизија А. Репрезентативниот одбојкар со својот клуб денеска запиша нов пораз, на гостински терен против Баја Маре со убедливи 3-0 во сетови со кои се зацврсти за првото место на табелата во тамошниот шампионат.
Деспотовски и неговиот клуб без проблеми издоминираа над клубот кој е на граница на борба за опстанок во романската Прва лига. Домаќините од Баја Маре пружија силен отпор против Деспотовски ’и компанија’, но немаа доволно сила за да го совладаат силниот противник. На крајот, Аркада Галаци славеше со убедливи 3-0 во сетови (22-25, 20-25, 22-25).
Со новите бодови, Аркада се зацврсти на првото место на табелата оставајќи ја Стеауа зад себе на втората позиција, Залау е третопласиран состав додека Плоешти ги заокружи најдобрите четири екипи.
Во наредното коло, кое ќе се одигра на 11. февруари, Деспотовски и Аркада ќе го нагостат Залау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА