Деспотовски стигна до титулата во шампионатот на Црна Гора

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Филип Деспотовски стигна до нов голем успех во кариерата, откако со екипата на Будва го освои црногорскиот одбојкарски шампионат.

Синоќа Будва славеше над Будуќност волеј со 3-2, по сетови (22-25, 25-15, 25-20, 21-25, 15-6), што беше доволно да ја добие финалната серија со 3-0 во победи. Со тоа тимот на Будва ја продолжи доминацијата откако во последните четири години стигнува до двојната круна во Црна Гора.

Македонскиот техничар беше еден од најдобрите во својот тим на овој меч, а го освои и последниот поен со кој Будва стигна до нова титула.

Се вчитува...