Македонија ја очекуваат натпревари од 3. и 4. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Против Белгија на домашен терен на 6. јуни, а потоа против Казахстан на 9. јуни на гости, Македонија се надева на добра игра и на добри резултати.
Дебитантот во националниот дрес Стефан Деспотовски вели дека неверојатно е чувството да си дел од националниот тим.
„Секако дека е убаво чувството првпат да си тука, одлично сум прифатен од тимот. Белгија е еден силен тим, но ние ако не дозволиме на ривалот да ја игра неговата игра, имаме шанси. Мора да ги испочитуваме сите работи кои селекторот ќе ни ги каже и мислам дека сме спремни за првиот меч. Со секоја репрезентација има доза на притисок, но ние се подготвуваме за тоа и сметам дека се ќе биде во ред. Најпретпазливи мора да сме во одбраната и блокот. Тој сегмент на играта мора да е перфектен“, изјави Деспотовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

