Играчот на Барселона, Сержињо Дест е првиот кој го напушти каталонскиот клуб ова лето. Дест останува во Ајндховен, каде што ја мина минатата сезона како позајмен, но сега потпиша долгорочен, перманентен договор со тимот на ПСВ.
Дест потпиша за Барселона во 2020 година, но после две сезони и мал број на настапи за шпанската екипа, во 2022/23 се пресели во Милан. Но, таму одигра осум натпревари, па се сели во ПСВ, за кого лани одигра 24 меча.
Американскиот десен бек има 33 настапи за својата селекција. Во минатото беше дел од Ајакс, од каде потоао се пресели во Каталонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА