Дест од Барса, последно засилување за Милан

Милан успеа да доведе уште едно квалитетно засилување пред самиот крај на преодниот рок откако „росонерите“ се договорија со Барселона за ангажманот на Сержињо Дест.

Десниот бек на Барса летово беше поврзуван со Баерн Минхен, Вилјареал и со уште неколку англиски премиерлигаши, но „росонерите“ на крајот успеаја да се договорат со Барселона. Американскиот репрезентативец пристигнува на едногодишна позајмица, а Милан на крајот од сезонава ќе може да го откупи целосно неговиот договор за 21 милион евра.

Овој 21-годишен дефанзивец беше член на Барселона уште од 2020 година, но не успеа да се наметне како стандарден првотимец на позицијата десен бек. Одличната игра во офанзива е главна одлика на Американецот, кој ќе биде сериозен адут на тренерот Пиоли, особено во ситуација кога Флоренци се повреди на последниот дуел на „росонерите“.

Се вчитува...