Фудбалерот на Барселона, Сержињо Дест оди на нова позајмица. Откако минатата сезона ја мина како отстапен во Милан, сега Американецот ќе игра за ПСВ Ајндховен. Двата клуба се договорија на позајмица на една година.
ПСВ ќе има и опција да го откупи по завршувањето на сезоната. Доколку холандскиот тим се одлучи на таков чекор, тогаш Барселона ќе добие 10 милиони евра.
Интересно е тоа што Дест во минатото играше за лутиот ривал на ПСВ, тимот на Ајакс, каде мина речиси осум години, најпрво во младите категории, а потоа и во сениорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

