Матиа Дестро стана прв фудалер што постигнал гол во акција во која држел шише со вода во рацете. Голгетерот на Џенова маестрално се снајде и стрелаше прецизно за водство на својот тим од 3-2, а во изјавата по мечот ја прокоментира и случката како шишето му останало в раце.
Тој беше проигран од Горан Пандев на дваесетина метри од противничкиот гол, додавање што го изненадило и самиот Дестро.
„Бев преморен, имав грчеви на нозете и побарав вода за да земам барем малку здив. Тогаш видов како ми ја додаваат топката и немав што друго да правам освен да тргнам кон голот. Не знаев каде да го фрлам шишето, па тоа ми остана во рацете до крајот на акцијата. На крајот, се излезе одлично“, изјави Дестро.
Ahahahaha! Er primo gol daa storia colla bottiglietta in mano.#Destro#GenoaVerona pic.twitter.com/iMxbHSsKBq
— ANFAMEEE (@ANFAMEEE) September 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА