Детали: Кристијано гласал за Меси, Лео не ја „возвратил услугата“

Кристијано Роналдо во своето гласање за “The Best” дал глас и за Лионел Меси, но асот на Барселона не ја „возвратил услугата“, па Португалецот не се нашол на неговата листа од тројца најдобри фудбалери за 2020 година.

Капитените и селекторите на сите репрезентации ширум светот го даваат својот глас за по тројца играчи кои се нивни фаворити, а Роналдо гласал за победникот Левандовски, како и за Лео Меси и за Килијан Мбапе. Меси како капитен на Аргентина најмногу гласови му дал на својот пријател, Бразилецот Нејмар, по што на својата листа ги ставил и Мбапе и Левандовски, но не и Роналдо.

Шпанскиот капитен Серхио Рамос не гласал ниту за Роналдо ниту за Меси, на врвот на неговата листа бил Левандовски, заедно со Тијаго Алкантара и со Нејмар. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, најмногу гласови му дал на Меси, пред Тијаго Алкантара и Серхио Рамос.

Интересно е што аргентинскиот селектор Скалони решил да не му даде најмногу гласови на Меси, туку на Сенегалецот Садио Мане. Најдобриот аргентински фудбалер бил само второрангиран на списокот на својот кормилар, пред Нејмар.

Се вчитува...