Предолго време светската јавност е во потрага по конкретни информации околу состојбата на Михаел Шумахер. Поранешниот Ф-1 возач имаше страшна несреќа при скијање, по што лекарите едвај му го спасија животот, а семејството оттогаш крие детали за неговата состојба како најстрога казна.
Конечно, се појавија и први поконкретни информации, откако неврологот Ерих Ридерер, откри каква е состојбата на славниот ас.
„Михаел Шумахер е буден, дише слободно, срцето му работи во добар ритам. Веројатно може да седне, можеби и да направи некој чекор со помош на другите, но не и повеќе од тоа“, вели Ридерер.
Сепак, следните зборови на овој светски познат лекар се разочарувачки…
„За жал, мислам дека ова е најдоброто што може да го достигне“, порача Ерих Ридерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА