Детали за тешката сообраќајка на Бугарите во Тбилиси: Неделев е со скршеница на черепот, но надвор од животна опасност (ВИДЕО)

Фудбалерот од средниот ред на бугарската репрезентација, Тодор Неделев има скршеница на черепот по тешката сообраќајна несреќа која фудбалската делегација на Бугарија ја доживеа во главниот град на Грузија веднаш по пристигнувањето во Тбилиси пред дуелот од Лигата на нации.

Според последните информации, Неделев е со тешка повреда но надвор од животна опасност. Лекарот на бугарската репрезентацијата д-р Бисер Бочев цела ноќ ќе ја помине во болницата во Тбилиси за да ја следи состојбата на фудбалерот од Ботев Пловдив. Се уште не е јасно дали ќе биде потребна операција.

Како што информираат од бугарската федерација, во оваа фаза одложување на натпреварот против Грузија во Лигата на конференциите нема да има. Раководството на БФС е посветено на обезбедување целосна поддршка на Неделев и останатите фудбалери. Натпреварот со Грузија се игра во недела.

Сообраќајната несреќа се случи откако автобусот со кој фудбалерите на Бугарија се превезувале од аеродромот до хотелот, се судрил со друг автобус во кој биле членови на бугарската делегација. Автобусот кој возел прв нагло закочил за да избегне судар со автомобил  при што автобусот позади се забил во него, а фудбалерот Тодор Неделев веднаш бил пренесен во болница.

Нема потешки повреди на останатите репрезентативци и членови на делегацијата на Бугарија.

Се вчитува...