Детална видео реконструкција: Погледнете зошто и како загина Коби Брајант (ВИДЕО)

Ниту две недели по трагичната несреќа во која загина Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица, светот во потполност не дозна што точно се случило тоа магловито утро во Калифорнија

Но, поради огромниот интерес на јавноста, пооделни организации се одлучија за детална реконструкција на на несреќата, како би се разјаснило што точно се случило тој ден. Службена реконструкција се уште нема, но „Флајт ченал“ објави видео реконструкција согласно официјални службени белешки од полицијата, од изјави на сведоци, но и согласно последните разговори на пилотот со контролата на летање.

Хеликоптерот – модел 1991 Сикорски С-76, регистриран како Н72ЕХ, некогаш во сопственост на сојузната држава Илиноис а служел за транспорт на гувернерот и други официјални лица. Државата Илиноис го продала во 2015 година.

Хеликоптерот полетал во 9:06 часот од областа Оранџ каунти упатувајќи се кон спортската академија „Мамба“ каде Коби Брајант од клупата требало да ја води екипата на својата ќерка Џана. Интересно, истиот хеликоптер претходниот ден без никакви проблеми ја минал истата рута, а за лето до Академијата му требало околу 30 минути, што е значително побрзо отколку два часа со автомобил.

Временски прогнози укажувале на лошо време, па полицијата од ЛА забранила летови за своите воздухопловни сили. Поради густата магла, патниците во хеликоптерот тој ден одлучиле да ја променат малку рутата, да ги заобиколат планините на ридската област кај Санта Моника.

Но, веќе во 9:21 часот хеликоптерот биде принуден цели 11 минути да кружи над Зоолошката градина во Лос Анѓелес во очекување на ослободување на воздушниот простор за слетување на аеродромот „Џојн Вејн“. Во тој момент воздушната контрола истакнува дека пилотот Ара Зобајан побарал посебни правила на летање во случај на лоши временски услови.

Во 9:33 хеликоптерот се упатил кон крајната цел, на која за жал никогаш не стигна. Со договор на контролната кула, се упатуваат кон ридскиот дел на западниот брег од Сан Фернандо. Но, како теренот станувал се повисок хеликоптерот во краток период за 36 секунди се издигнал на 300 метри.

Во 9:44 часот добива предупредување од контролната кула дека и натаму прениско лета. Тука почнуваат главните проблеми поради премала видливост, па пилотот не можел да види каде лета, но постапувал согласно упатствата од контролата на летот.

Во последната меѓусебна комуникација, според појавената аудио-снимка, контролата на летот го предупредила пилотот дека летаат многу ниско… Но, веќе било предоцна! Со брзина од 300 километри на час хеликоптерот во 9:47 часот се срушил во областа Калабасас.

Деталната истрага потоа утврди дека хеликоптерот нема снимач на податоците на летот, нешто како црна кутија за авионите, со оглед на тоа дека хеликоптерите во САД не се обврзани да ја имаат. Исто така, хеликоптерот немал ниту систем за очитување на терен, како ниту систем за узбуна. Сето тоа ја намалило можноста на пилотот да ја спречи несреќата.

Се вчитува...