ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Нема крај на проблемите со повреди за македонската репрезентација низ октомврискиот циклус од Лигата на нациите.
На листата повредени од мечот со Летонија во Рига сега е и централниот дефанзивец Висар Муслиу, кој заработи незгодна повреда на стапалото на десната нога, поради што е неизвесен неговиот настап утре против Ерменците.
„Чувствувам болка, не знам се уште дали ќе може да настапам“ – ни изјави синоќа Муслиу.
А, денешните детални прегледи треба и дефинитивно да дадат одговор на прашањето дали еден од најдобрите македонски дефанзивци ќе може да се стави на располагање на селекторот Боби Милевски.
Позитивен момент е тоа што во селекцијата се враќаат Ѓоко Зајков и Никола Серафимов кои на претходниот натпревар со Летонија паузираа поради жолти картони. Во репрезентацијата централни дефанзивци се уште Дарко Велковски и дебитантот Андреј Стојчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА