Малолетен навивач на Шпанија успеа да влезе на теренот, трчаше преку целиот стадион и успеа да му побегне на обезбедувањето, само за да го прегрне својот идол Алваро Мората. Со дрес од напаѓачот, тој успеа да ги надмудри членовите на обезбедувањето и не го интересираше ниту еден друг фудбалер на „црвената фурија“, туку единствено Мората. Му се фрли во прегратка, а идолот го спаси од обезбедувањето и заедно заминаа во соблекувалната за да му подари најнов дрес со автограм.
Репрезентативците на Шпанија во својата земја предизвикуваат невидена еуфорија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА