Детето на Астон Вила: Го смени дресот со Фабињо, па го бараше назад (ВИДЕО)

Луис Бери засекогаш ќе го памети синоќешниот натпревар против Ливерпул во ФА Купот на Англија.

Децата на Астон Вила загубија со 1-4 од Ливерпул, но одиграа добар натпревар во кој единствениот погодок го постигна 17-годишниот Луис Бери, кој пред две години, беше дел од младинската школа на Барселона.

По натпреварот Бери го замени дресот со Бразилецот Фабињо, но потоа по разговор со член на стручниот штаб на Ливерпул, возбудено трчаше по Фабињо барајќи го својот дрес назад. Фабињо, пак, беше уште поголем враќајќи го неговиот дрес, но оставајќи му го и својот дрес од Ливерпул…

 

Се вчитува...