Детето на Милан ќе настапува во соседството (ФОТО)

Искусниот италијански десен бек Давиде Калабрија во новата сезона ќе го носи дресот на Панатинаикос откако официјално беше претставен како нов фудбалер на грчкиот гигант.

Калабрија потекнува од младинската школа на Милан и речиси целата сезона ја помина во „црвено-црните“ редови дебитирајќи во 2014 година до минатата зима кога беше проследен на позајмица во Болоња со која го освои трофејот во Купот на Италија.

Неговиот договор со Милан заврши на крајот на сезоната па пристигна во Панатинаикос без обесштетување.

Се вчитува...