Во денешниот натпревар од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига, Детонит Плачковица славеше на гостувањето против Скопје во Автокоманда со убедливи 1-4.
Гостите со голот на Александар Смилков во 14. минута ја најавија победата поведувајќи со 0-1.
Но, вистинските возбудувања на мечот се случија во последните 20 минути. Најпрво во 71. минута Скопје израмни со голот на Марио Настевски, а потоа со три гола од 80. до 89. минута, Детонит Плачковица победи со 1-4. Стрелци на головите за Детонит во финишот беа Андреј Кудијан, Оливер Христов и Амир Фејзуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА