Една од најдобрите македонски второлигашки екипи, Детонит Плачковица, најпријатното изненадување во минатогодишното првенство ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Тренерот Иван Варадиновски на денешнот прв тренинг располагаше и со четирите нови засилувања за следната сезона, Лука Георгиев од АП Брера, Христијан Поп Антовски од Победа, Панче Петров од Силекс и Кирил Неделков од Вардар Неготино.
„Со сериозни амбиции ја очекуваме новата сезона. Да бидеме уште подобри од лани. Во екипата останаа сите фудбалери кои минатата сезона беа носители на нашата игра, меѓу нив и Дарко Стојанов, а сега се освежуваме и со неколку нови фудбалери“ – вели Варадиновски.
Договорени се и пет пријателски средби низ подготвителниот период. На 14. јули е тестот со српскиот прволигаш Трајал Крушевац, на 20. јули со Брегалница, на 24. јули со Гостивар, на 27. јули со новиот второлигаш Вардарски и генералката пред стартот на новата сезона ќе биде против струмичка Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА