Детроит без најдобриот кошаркар долго време

Најдобриот играч на Детроит Пистонс, Кејд Канингем ќе отсуствува од НБА паркетот подолго време бидејќи му е дијагностициран пневмоторакс.

Информацијата ја пренесе НБА „инсајдерот“ Шемс Чаранија:

„На ѕвездата на Детроит Пистонс, Кејд Канингем, му е дијагностицирана со „руптура на белите дробови“ (пневмоторакс) и се очекува да биде надвор од терените подолг временски период, изјавија извори за ESPN“, напиша Чаранија на Твитер.

Пневмоторакс е белодробна болест која се јавува поради акумулација на воздух во плевралната празнина, како резултат на прекин на континуитетот на листовите на белодробното ткиво (тенка мембрана што ги обвиткува двете белодробни крила и се состои од два листа, од кои едниот е споен со белите дробови, а другиот со градниот кош).

Се вчитува...