Детроит во драматична завршница до триумф над Кливленд

Лидерот во источната конференција Детроит во драматична завршница успеа да победи на гостувањето кај Кливленд со 100-114. Пистонс со тоа ја запишаа втората победа на последните пет меча.

Детроит стигна до триумф благодарение на импресивната втора четвртина, кога од -9, на полувреме заминаа со +10. Иако Кливленд во финишот стигна до -2, сепак, немаше сила да дојде до победа.

Детроит го предводеше Канингем со 27 поени, додека Џенкинс постигна 25. Кај Кливленд и воопшто на мечот најефикасен беше Мичел со 30 поени.

Се вчитува...