Детронизиран шампионот на Купот на Африка

Актуелниот шампион на Африка, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, е симнат од тронот уште во групната фаза од Купот на Африканските нации. „Слоновите“ загубија од Мароко со 0-1 и тоа беше клучно за да бидат елиминирани од натпреварувањето. Единствениот гол за Мароканците беше дело на Алиуи во 64.минута од натпреварот.

Во вториот меч од групата, ДР Конго го совлада Того со 3-1 и заврши на првата позиција во групата, пред Мароко. Кабананга го отвори резултатот во 29.минута, Мубеле зголеми на 2-0, Лаба успеа да намали, но Мпоку го потврди триумфот за селекцијата на ДР Конго.

 

Се вчитува...