МЗТ Скопје стигна до уште една победа во кошаркарскиот шампионат на Македонија откако вечерва рутински го доби дуелот со Шкупи со убедливи 65-109.
Во ситуација кога „металците“ имаа пеколен распоред во АБА-лигата овој меч беше добредојден за тренерот Кочов да ги одмори клучните играчи и да им даде шанса на помладите кошаркари. А тие максимално ја искористија укажаната доверба, па иако настапија само шест кошаркари во текот на 40-те минути, максимално доминираа во дуелите со играчите на Шкупи и на крајот заслужено триумфираа со преубедливи 44 поени разлика.
Мамузиќ го одигра својот најдобар меч во дресот на МЗТ Скопје постигнувајќи 31 поен, Маслинко беше импресивен во борбата под обрачите со 28 поени и 18 скокови, а одличен беше и Лука Стојановски со 23 поени и 13 асистенции. Димитриевски со 23 и велески со 17 поени беа најдобри стрелци во редовите на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА