„Децата на Цапар“ го почувствуваа „тепихот“ на „Тодор Проески“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на националната арена „Тодор Проески” го имаше официјалниот тренинг во пресрет на утрешниот дуел со Гибралтар во квалификациите за пласман на Европско првенство.

Дуелот од 5. коло во групата 7 од квалификациите против Гибралтар ќе започне во 14. часот. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се обидат да стигнат до втората победа во овие квалификации.

„Не само оваа генерација и неа само во овие квалификации, туку и наназад во претходните циклуси, секогаш кога сме фаворити и кога треба да доминираме и да победиме, ние често знаеме да потфрлиме. И обратно, кога против себе имаме некој фаворит, ние го даваме максимумот и едноставно тие противници тешко можат да се надигруваат со нас. Меѓутоа ние утре немаме друг избор, иако имаме некои проблеми со составот, сепак најдобрите се тука, подготвени сме и да се израдуваме на победа како увертира на натпреварот со Шведска“, вели селекторот Драган Канатларовски.

 

Се вчитува...