Со широки насмевки и позитивна енергија, многу забава и трчање помина Детската трка, која се одржа како најава за спортската манифестација „Охрид трчаТ 2019“.
Детската и училишната трка која се одржа на 15. мај се поддржани од Делегација на Европската унија во Македонија, фондацијата Климент Колески, Агенцијата за млади и спорт, Општина Охрид, компанијата Вива и Витаминка а се најава за настанот „Ohrid running weekend“, кој ќе случи во Охрид на 31. мај, 1. и 2. јуни.
За првопласираните во машка и женска конкуреција имаше медали и благодарници, а сите учесници добија медал-финишер и производи од спонзорите на Детската трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА