Милан е пет натпревари без триумф во Серија А откако „росонерите“ одиграа 1-1 на гостувањето против Аталанта. Конти ги доведе домаќините во водство на оваа средба, за во самиот финиш Деулофеу да го спаси од пораз својот тим. Судиите не забележаа дека шпанскиот ас се наоѓа во офсајд, а тој го искористи тоа, па со помош на еден од домашните дефанзивци ја смести топката во мрежата.
Претходно, во првиот меч на денешната програма Фиорентина славеше над Лацио со 3-2. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, стрелци за „виолетовите“ беа Бабакар, Калиниќ и Ломбарди (автогол), додека погодоците за римскиот клуб беа дело на Кеита и Мургиа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА